сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ново инженерско чудо: Ако влезете на овој кинески мост нема да излезете лесно (ВИДЕО)

Вкупната цена на проектот, кој вклучува вештачки острови, скоро седум километри долг подводен тунел и пристапни сообраќајници, не е објавена, но некои процени говорат дека се работи за сума од 16 милијарди долари.
Ново инженерско чудо: Ако влезете на овој кинески мост нема да излезете лесно (ВИДЕО)

За најголемиот светски мост преку море кој ќе ги поврзе Хонг Конг, Макао и континентална кина, потрошена е количина на челик со кој би можеле да се направат 60 Ајфелови кули, пренесуваат медиумите. Кинезите се фалат дека тоа ќе биде инженерско чудо.

Девет години после почетокот на градбата  на 55 километри долгиот мост, кинеската влада прв пат јавно организираше презентација на скоро завршениот проект.

Мостот ќе го поврзува Хонг Конг со јужнокинескиот град Жухај и Макао.

Се уште не е потврден датумот на отворањето на сообраќајот, а се споменуваше јули оваа година. Официјалните лица очекуваат мостот да биде во употреба 120 години.

Вкупната цена на проектот, кој вклучува вештачки острови, скоро седум километри долг подводен тунел и пристапни сообраќајници, не е објавена, но некои процени говорат дека се работи за сума од 16 милијарди долари.

Мостот требаше да биде отворен на крајот на 2017 година, но рокот не испочитуван поради бројните градежни проблеми, пробивања на буџење, обвиненија за корупција и страдање на градежните работници.