-Мицкоски опнал 3-4 вискија во кафана, па ни кажува како треба. Како што не ги разбира мерките, можел и да тргне врата до врата, пишува на социјалната мрежа на Твитер министерот за информатичко опшество Дамјан Манчевски, кој што инаку е во самоизолациија поради тоа што претходно имаше контакт со свои сопартијци кои што се позитивни на коронавирус.
#жМицко опнал 3-4 вискија во кафана, па ни кажува како треба. Како што не ги разбира мерките, можел и да тргне врата до врата.
— Damjan Manchevski (@d_manchevski) June 6, 2020
На ваквата негова објава изреагира кандидатот за пратеник во ИЕ2 Драган Ковачки кој што го посоветува министерот дека не му доликува неговото однесување, кога нивниот генсек е во Берово, а пола негова партија е во самоизолација.
-Прво, министер сте и не Ви доликува уличен речник. Второ, зборувате за почитување на мерки, а половина партиско раководство ви е во изолација, техничкиот премиер дури по втор пат. Генсекот што прави во Берово?, реагира на твитер објавата на Манчевски, кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.