среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нинџа призна дека лаже: Исказот според кој Кацарска ги осуди 16-те луѓе на 211 години затвор е различен од денешниот

Нинџа призна дека лаже: Исказот според кој Кацарска ги осуди 16-те луѓе на 211 години затвор е различен од денешниот

Александар Василевски-Нинџа кој денес е сведок повикан од Вилма Рускоска на рочиштето за т.н. организирање на настаните од 27-ми април, потврди дека денешниот исказ-сведочење е различен од исказот кој го дал пред обвинителството на 01 март 2019-та година, две недели пред изрекување на пресудата од страна на Добрила Кацарска.

Нинџа денес изнесе „четврта верзија“ за настаните на 27-ми април, откако претходно во три наврати даваше различни верзии со кого се гледал, кој каде го повикувал и во кои временски интервали што правел, слушал и гледал. Судот дозволи адвокатите на обвинетите да направат споредба на сите четири различни верзии кои ги има кажано Василевски, со цел јавно да обелоденат за какви разлики се работи односно дека во секоја прилика Василевски кажувал различни податоци, според некои извори со цел да се испазари со обвинителството сведочејќи во корист на тезите на обвинението на Рускоска, за што пак би добил олеснувања во постапката и поблаги казни.

Ова еднаш Нинџа го направи во 2013-та година на судењето за предметот Ровер, сведочејќи различно за ист настан 12 години по првото сведочење, со што луѓе завршија во затвор, а тој доби поблага казна во друг предмет. На денешното рочиште појавувајќи се како сведок Нинџа кажа различни податоци од оние изнесени во сведочењето од 01 март 2019-та (односно изјава дадена пред Рускоска) која беше користена од Добрила Кацарска при осудувањето на 16 лица на 211 години затвор.

Адвокатскиот тим на обвинетите преку вкрстени прашања сака да покаже пред судиите дека Василевски е сведок на кого не може да му се верува, не само поради дебелото криминално досие и повеќегодишни затворски казни, не само поради доказите за негово лажно сведочење за да добие поволности во минатото, не само поради неговото јавно признание денес дека соработувал со обвинителството по неговото предавање во јуни 2018-та, туку најмногу поради четирите различни верзии за настаните на 27-ми април кои ги има кажано.

Фото: 24Инфо

Најнови вести