Зошто Мери Продановска ја немаше да одржи прес пред фолијата за зеленчук? Истата онаа Мери која до пред некој ден ја гледавме како дреме пред скопските кафани и демне кој седи во нив не успеала да види дека некоја сомнителна „зелена тревка“ расте во дворот на нејзини блиски роднини, обвинува Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ Штип.
-Дали Продановска успешно молчи затоа што кривичната пријава за одгледување на марихуана во дворот на нејзини блиски е отфрлена од ОЈО? Од овде логично се поставува и прашањето, дали со демнење на лица од опозицијата Мери си одработува за своето не така добро минато? Дали Мери Продановска со тоа што сака вештачки да креира афера „кафана“ всушност со тоа сака ја да сокрие својата афера „марихуана“? Очигледно е дека „зелената тревка“ пуштила долги корени во СДС па затоа и сега е голема борбата за добивање лиценци и посеви за марихуана. Продановска е всушност уште едно олицетворение за тоа какви се и што работат СДС. Народот е мудар сето ова го следи и нема да дозволи да биде изманипулиран од Продановска, СДС и фолиите со „зелени тревки“, порача тој.