вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каракамишева-Јовановска за Курир: АКО ВЛАДАТА ГРЕШИ, ДИК НЕ СМЕЕ ДА ПОМИСЛИ НА ГРЕШКА!

Каракамишева-Јовановска за Курир: АКО ВЛАДАТА ГРЕШИ, ДИК НЕ СМЕЕ ДА ПОМИСЛИ НА ГРЕШКА!

 

На 10. јуни беше објавена Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес.

Јавноста ќе каже ништо ново, секојдневие. Стручната јавност ќе каже правен срам, вели за Курир проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, посочувајќи дека иако констатацијава за кршење на Уставот и на законите не е нова за оваа влада, сепак со уредбиве за избори се поминаа сите можни прагови на толеранција.

 

„Последнава уредба е спротивна на член 8, став 1, алинеја 1 и 3 од Уставот на Република Македонија, односно на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени во Уставот и на владеењето на правото како темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија, на член 22, став 1 и 2 од Уставот, „Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право. Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање“, на член 23 од Уставот, „Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции“, на член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Уредбата е во директна спротивност и со член 48, 49, 49-а, 50 и член 52 од Изборниот законик.

Со уредбата Владата ги оневозможува граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список во функција на непречено остварување на своето уставно загарантирано избирачко право. Исто така, уредбата го попречува уставното право на секој граѓанин кој во меѓувреме наполнил 18 години да може да се кандидира за носител на јавна функција-пратеник. Правото забранува арбитрерност во постапувањето на државните органи, а арбитрерноста се коси со владеењето на правото.

Член 48 од Изборниот законик вели „Граѓанинот може во текот на целата година да бара да изврши увид во изводот од Избирачкиот список во службените простории на подрачните одделенија на Државната изборна комисија … (2) Ако при увидот се утврди дека тој или друг граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или се утврди дека треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на податоците, до подрачното одделение на Државната изборна комисија има право да поднесе барање за запишување, дополнување или бришење на податоците со кое приложува и соодветна документација. . (4) Државната изборна комисија најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето ќе ја провери точноста на податоците и приложените документи од страна на граѓанинот и ако утврди дека барањето е основано, со решение врз основа на веродостојна документација и согласно Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список ќе изврши запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, а во спротивно ќе донесе решение со кое ќе го одбие барањето. (5) Против решението на Државната изборна комисија граѓанинот во рок од три дена од денот на приемот на решението може да поднесе тужба за поведување управен спор до Управниот суд.

Уредбата е спротивна е на член 49, став 5 од Изборниот законик каде е утврдено дека јавниот увид во Избирачкиот список трае 20 дена. Уредбата го игнорира ова право.

Во став 6 од член 49 се утврдува правото на политичките партии во текот на јавниот увид до заклучувањето и потпишувањето на избирачкиот список да можат да направат увид на податоците во Избирачкиот список. Уредбата и ова право го игнорира.

Уредбата се коси и со член 49-а, став 1 каде стои дека „ Во рок од пет дена од денот на завршување на јавниот увид Државната изборна комисија избирачкиот список го доставува до политичките партии“.

Уредбата не го гарантира правото на граѓаните да извршат јавен увид на податоците кои ќе бидат содржани во Избирачкиот список по направените промени од страна на надлежните органи, ниту пак им дава можност на гласачите да поднесат барање за промена на евентуално грешните податоци внесени во Избирачкиот список, или да реагираат на евентуалните пропуштања од страна на надлежните органи да ги внесат сите граѓани во Избирачкиот спидок кои ги исполнуваат условите за остварување на избирачкото право што е основа за поднесување тужба на граѓаните до Управниот суд.  Јавниот увид на граѓаните во Избирачкиот список согласно Изборниот законик е 20 дена, а со уредбата таквото право на граѓаните им е ускратено.

Исто така, оспорената Уредба ги оневозможува и политичките партии, кои согласно  член 49-а од Изборниот законик, во рок од пет дена од денот на приемот на избирачкиот список до Државната изборна комисија можат да доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.

Државната изборна комисија по поднесеното барање одлучува со решение во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето, согласно Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список. Против решението од ставот (3) на овој член, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. (5) Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.

Владата арбитрерно и своеволно го ограничува остварувањето на избирачкото право на граѓаните што е суштествена повреда на материјалното право поради кој правен факт може да се оспори законитоста и уставноста на изборниот процес. Едновремено, владата ги оневозможува граѓаните кои во меѓувреме навршиле 18 години да го остварат правото утврдено во чл. 23 од Уставот, да се кандидираат за вршење на јавната функција – пратеник.

ДИК не смее да дозволи примена на вакви неуставни и незаконски уредби.

ДИК е должен да се грижи за законитоста на изборните и да  го почитува Изборниот законик. Во спротивно, ако влезе во владината спирала на незаконитост и самата Комисија ќе биде кривично одговорна поради повреда на законитоста и на уставно загарантираните права на граѓаните,“ посочува во ставот за Курир, проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска

 

Најнови вести