вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Откриен идентитетот на полицајците кои убија Афроамериканец во Атланта (ВИДЕО)

Откриен идентитетот на полицајците кои убија Афроамериканец во Атланта (ВИДЕО)

Објавени се имињата на полицајците кои го убиле Афроамериканецот Рејшард Брукс во Атланта.

Станува збор за белци , полицајците Гарет Ролф и Девин Бронсан.

Полицијата соопшти дека Бронсан бил преместен во администрација, а Ролф бил отпуштен од работа.

27-годишниот Рашард Брукс бил пријавен поради спиење во автомобил, а неговиот автомобил го блокирал преминот на другите возила во драјв-ин ресторан за брза храна.

За него е откриено дека бил под дејство на алкохол, а имало и отпор при апсењето кога Брукс го зел електричниот шокер од еден од полицајците.

Потоа е застрелан.

Немири избувнаа во Атланта, каде во текот на денот, градоначалникот Кеиша Ленс Ботмс, рече дека прифатила оставка на началникот на полицијата Ерика Шилдс за убиството.

Кеиша Ленс Ботомс изјави дека началникот Ерика Шилдс, кој е член на полицискиот оддел Атланта повеќе од две децении, се повлекла и дека должноста на привремен началник ќе ја извршува поранешниот помошник началник Родни Брајант.

„Од длабока љубов кон овој град и оваа услуга, ја понудив мојата оставка како началник на полицијата“, рече таа во изјавата. „Имам верба во градоначалникот и време е градот да оди напред и да гради доверба помеѓу полицијата и заедниците на кои што им служи“, рече таа во изјавата.

Демонстрантите излегоа на автопатот и го запреа сообраќајот пред полицијата да постави автомобили за да ги запре.