петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Да се биде државник значи да се знае да се менаџира со приоритетите на граѓаните, тоа е разликата меѓу Мицкоски и Заев

Василевска: Да се биде државник значи да се знае да се менаџира со приоритетите на граѓаните, тоа е разликата меѓу Мицкоски и Заев

Да се биде државник значи да се знае и да се умее да се менаџира со приоритетите и реалните потреби на македонските граѓани. Тоа е разликата помеѓу Мицкоски и Заев. Две именки кои не е споредливо кога стојат во иста реченица, анализира професорката Иванка Василевска.

-Денес, уште еднаш се осведочивме дека за нас, владеењето на правото и правната држава заедно со реалната ситуација во моментов се приоритет од највисок интерес за Република Македонија. Исто така, денес видовме дека Мицкоски ја носи најважната особина којa е неопходна за секој еден кој се одлучил да биде на чело на државата, тој нема да жртвува ниту еден човечки живот, за да дојде до власт. За разлика од него, ако го погледнеме Заев, тој денес ќе не однесеше на избори, без набљудувачка мисија и без ронка на совест за стотиците заболени и починати граѓани на Република Македонија. Од тие причини, нашата црвена линија е јасна, одиме на избори само и единствено ако се исполнат двата неопходни и најважни услови: донесување на прецизни протоколи за спроведување на избори и обезбедено присуство на мисијата на ОБСЕ пред започнувањето на изборниот процес, пишува таа.

Василевска оценува дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се единствениот браник на зачувувањето на здравјето, исто како и на одбраната на македонското национално достоинство!

Најнови вести