Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во општина Бутел, остро протестираат во однос на следниве две работи:
1.Затоа што се продолжи притворот за уставобранителите од 27 април. Ова е типичен пример на изживување врз патриотите од страна на полициска хунта која затвора политички неистомисленици. Бараме итно пуштање на сите патриоти кои се притворени.
2.Хунтата на СДС се пресели и во Бутел. Имено, на две лица кои работат како улични хигиеничари во општината нема да им се продолжи договорот и ќе бидат оставени на улица. Првото лице е со инвалидитет и е родител на 4 дечиња. Другото лице е исто така со инвалидитет и е бранител од 2001 година. А паралелно на тоа се примаат нови 20 лица во општината без никаква процедура и критериуми, типични партиски вработувања ветени пред избори. Поради ова нечовечно однесување ја напуштаме седницата и ги повикуваме сите советници кои се против вакво однесување да ни се приклучат и да ја напуштат седницата.