Група од повеќе од дваесетина високи африкански лидери упатија јавен апел во Обединетите нации за завршување на системскиот расизам, поттикнат од атентатот врз Џорџ Флојд, јавува Си-Ен-Ен.
„Никогаш не може доволно да се каже за длабоката траума и меѓугенерациското страдање предизвикано од расната неправда што се повторува низ вековите, а особено е насочена кон луѓето со африканско потекло. Осудата на покажувањето кон расизмот едноставно не е доволна“, наведе групата африкански лидери во својот апел .
„Сега е време да преминеме од зборови на дела“, се вели понатаму во апелот.
Африканските лидери во ОН велат дека на Џорџ Флојд и на другите жртви на системскиот расизам и политичка бруталност им должат за укинувањето на расистичките институции. Лидерите посочуваат дека атентатот врз Флојд е вкоренет во поширок контекст што нема да исчезне ако го игнорираме.
Во соопштението се истакнува и дека е време ОН да излезат и да постапат одлучно за да помогнат во завршувањето на системскиот расизам против луѓето со африканско потекло и другите малцински групи и да го промовираат и охрабруваат почитувањето на човековите права и основните слободи за сите, без оглед на расата, полот, јазик, религија, како што е наведено во член 1 од Повелбата на ОН.
Меѓу потписничките на апелот, меѓудругите, се и претседателот на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Гебрејсус и извршниот директор на Заедничката програма на ОН за ХИВ/СИДА, Вини Бјањима.