недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Неподнослива смрдеа и мрсни дамки во Вардар- сликата утрово кај Градскиот парк

Неподнослива смрдеа и мрсни дамки во Вардар- сликата утрово кај Градскиот парк

Еколошка катастрофа во Велес. Утринава ужасен мирис се ширел од реката Вардар. Луѓето кои рекреирајќи се утрово во градскиот парк ја осетиле оваа миризба и како што велат тие, се осеќала низ целиот парк, пишува Велесденес.мк

Случајот веднаш бил пријавен до одделението за животна средина, но од таму добиле одговор дека нема подрачен инспектор за животна средина, дека веќе биле информирани за овој инцидент и дека не се случува за првпат.

Во текот на вчерашниот ден се случила хаварија во фабриката Маслодајна. Ова не е прв случај изминатата година на дефект во Маслодајна. Пред неколку месеци се запалија силуси, а овој пат истекло повеќе од пола тон мазут.

Вчера на социјалните мрежи граѓани се жалеа на истекување на мазут на асфалтот пред фабриката, при што се апелираше да не мината граѓаните со возила, заради безбедност во сообраќајот.

За овој случај се обрати и градоначалникот на Велес на својот фејсбук профил:

-Во врска со добронамерните реакции за појавените нафтени флеки во река Вардар, подолжно од местото каде што истекуваат отпадните води од каналот до ЈКП Дервен, ви ги давам следните почетни информации:
Вчера во претпладневните часови, поточно во 10.50 минути во СВР Велес е пријавена хаварија на резервоар за мазут на Фабрика за масло ,,Благој Ѓорев”.

Од резервоарот според првичните проценки на улицата ,,Алексо Демниевски” истекле околу 500 литри мазут, напиша Коцевски