вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Марко Срдановиќ блесна и веднаш доби нов долгогодишен договор со Вардар!

Марко Срдановиќ блесна и веднаш доби нов долгогодишен договор со Вардар!
рк вардар

Двократниот европски ракометен првак Вардар 1961 покажа дека размислува и за иднината, па иако сезоната не е ниту до половината, го „врза“ еден од новајлиите во тимот.

Станува збор за Марко Срдановиќ, 25-годишното српско крило кое се покажа како вистински избор за крилната позиција. Србинот блеска во Вардар, игра на завидно ниво и освен од крилна позиција, редовно сигурно реализира и пенали. Срдановиќ имаше договор до јуни 2024 година и стави потпис на нов двегодишен договор со „црвено-црните“, иако тоа не е честа ракометна пракса.

Самиот ракометар е пресреќен за тоа што игра во Вардар. Срдановиќ призна дека тоа бил неговиот најдобар потег во кариерата и е задоволен од сите сегменти.

„Доаѓањето во Вардар ми беше најдобриот потег во кариерата. Одлично се снајдов во Скопје, клубот и играчите ме прифатија како семејство, и таа хемија носи резултат. Вардар создава тим што во иднина ќе биде не само квалитетен, туку и доминантен. Затоа сметам дека останувањето во Скопје е уште еден вистински потег. Имам одлични соиграчи, управа и пред се навивачи. Тоа секогаш носи резултат“, изјави Срдановиќ.

Вардарци работат на стабилизирање на проектот и поставување на здрави темели за иднината. Ова лето беа доведени квалитетни млади играчи кои надополнети со неколкуте поискусни се вклопија одлично Досега Вардар е лидер во групата Б во регуларниот дел од сезоната и веројатно со максимален број бодови ќе оди во плеј-офот.