Легендарниот норвешки бијатлонец Оле Ејнар Бјерндален соопшти дека се повлекува од активната спортска кариера во која доминираше повеќе од две децениии.
– Мојата мотивација е незадржлива, бијатлонот се уште ми е интересен, но ова беше моја последна сезона, истакна Бјерндален.
Тој му се заблагодари на своето семејство, но и на норвешкиот народ за постојаната поддршка во текот на кариерата, при што 44-годишниот спортист додаде дека минатата година имал проблеми со срцето и тоа дополнително ја забрзало одлуката за пензионирање.
– Медицинскиот тим и терапиите многу ми помогнаа, поради што сум им многу благодарен, истакна Бјерндален.
Норвешкиот бијатлонец нагласи дека прво ќе се посвети на семејството и одморот, а дури потоа ќе одлучи како ќе продолжи.
Оле Ејнар Бјерндален има 13 медали на Зимските олимписки игри, од кои осум златни, четири сребрени и една бронзена. На светските шампионати 20 пати го има освоено златниот медал, како и 14 сребрени и 11 бронзени.
МИА