недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска: Најлесно е да го обвинуваш народот, власта на СДСМ не се справува со пандемијата

Ласовска: Најлесно е да го обвинуваш народот, власта на СДСМ не се справува со пандемијата

Снежана Калеска Ванчева уште еднаш ги обвини граѓаните дека тие се наводно виновни за новиот пик на коронавирусот во Македонија поради непочитување на мерките во дебатната емисија „Само вистина“, на што и реплицираше кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска која истакна дека е најлесно да се обвини народот. Ласовска потенцираше дека одговорноста секогаш е кај тој што ја води државата, посочувајќи дека општото мислење на граѓаните е дека власта катастрофално лошо се справи со пандемијата.

-Најлесно е да се обвини народот дека не ги почитува мерките итн. но посоти еден збор кој што се однесува одговорност, а одговорноста е секогаш кај то што ја води државата и власта. Навистина е сериозна темата. На почетокот од пандемијата, ние како опозицијата бидејќи се случи нешто невидено во светски рамки пруживме рака нормално без критики и кажавме еден сет на мерки кои што за жал поради ароганција СДСМ не ги прифати. Наше мислење е дека и мислењето на граѓаните, дури и оние кои СДСМ го поддржуваат дека не се справи Комисијата за заразни болести и министерот за здравство и затоа ни се случуваат овие фрапантно лоши бројки деновиве, се слушува стихија, СДСМ и министерот како власт немаше долгорочна стратегија за како да се справиме со пандемијата, вели Ласовска.

Најнови вести