вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Оваа година има три пати помалку капитални инвестиции споредено со минатата година

Мицкоски: Оваа година има три пати помалку капитални инвестиции споредено со минатата година

Во овој период 1 милијарда денари е реализацијата за капитални расходи или некаде околу 16 милиони евра. Лани во услови на политичка криза, во услови на тензија во општеството, во услови на се што се случи имаме 2,8 милијарди денари притоа им се лимитирани можностите за трошење или три пати повеќе. Имате исти дефицит во буџетот, а 3 пати повеќе капитални расходи, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостувањето на Топ Тема  на Телма телевизија.

– Како сакате да имате раст на економијата ако немате проекти, ако немате идеја, ако не креирате нови работни места ако немате трудова инвазивност на компаниите. Како ќе ја стимулирате сопствената економија до фантастични 5 % што ги ветувате пред неколку месеци порано ако вие самите не може да генерирате проект, вели Мицкоски.

Најнови вести