среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп ја продолжи забраната за издавање зелени картони

Трамп ја продолжи забраната за издавање зелени картони

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи забраната за издавање зелени картони до крајот на годината, додека замрзна привремени визи, вклучително и оние што ги користат технолошките компании и мултинационалните корпорации.

Зелените картони нема да се издаваат надвор од САД до крајот на годината, така што ова е начин администрацијата да обезбеди доволен број работни места во време кога економијата се опоравува по кризата предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус.

– Тие забрани ќе ослободат 525.000 работни места за Американците, изјави за американски медиуми висок функционер. Претходната одлука на Трамп со која се забранува издавање зелени картони надвор од САД траеше 60 дена и истекува в понеделник.

Администрацијата предлага нов начин за доделување визи H-1B, што треба да бидат ограничени на 85.000 годишно, а кои најмногу ги користат технолошките гиганти како компании како Aмазон,Мајкрософт и Епл, изјави официјалниот претставник.