петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вељко нема да ги види сопругата и детето цели 8 недели, коронавирусот не е причината (ФОТО)

Вељко нема да ги види сопругата и детето цели 8 недели, коронавирусот не е причината (ФОТО)

Кога Вељко Ражнатовиќ откри дека е позитивен на коронавирусот, тој веднаш ги спакува куферите и се раздели од сопругата Богдана и неодамна родениот син Жељко.

Тој и неговата мајка Цеца Ражнатовиќ, исто така позитивни на вирусот, се изолираа во семејниот дом на Дедиње и веднаш откако дознаа дека младиот боксер е негативен, тој се врати кај синот и сопругата Богдана.

Вељко сега на Инстаграм објави дека се вратил на своите спортски обврски и го фотографирал погледот од „кампот“ каде ќе ги помине наредните осум недели.

„Мојот дом наредните осум недели. Боксерски живот“, напиша тој ставајќи до знаење дека професијата не смее да трпи.

 

Најнови вести