сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Откажан „АДРИЈА ТУР“

Откажан „АДРИЈА ТУР“

-Жал ни е што мора да сопреме со организација на тениските турнири во Бања Лука и Сараево. Бевме среќни што публиката, што долго чекаше да види врвни асови, нема да ги види Новак Ѓоковиќ и другите тенисери во живо, како и дека играњето во овие градови ќе овозможеше спортска промоција и финансиска поддршка на локалните играчи. За жал, поради сите настани од последните неколку дена, донесовме одлука дека најважно сега е да се стабилизира епидемиолошката состојба, како и сите да се опорават, рече директорот на турнирот Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Покрај Димитров, заразени беа и Новак Ѓоковиќ, Виктор Троицки, Борна Чориќ и тренерите на српскиот и бугарскиот играч, додека на тестот имаа негативен резултат Марин Чилиќ, Андреј Рубљев, Саша Зверев и Горан Иванишевиќ.

-Им се заблагодаруваме на сите учесници од Тениската асоцијација на Република Српска, градот Сараево, на сите оние кои работеа напорно во претходните денови да се подготват за овие настани. Го цениме тоа и остануваме пријатели и се надеваме дека ќе ја спроведеме нашата идеја веднаш штом ќе бидат стекнати услови за тоа , додаде помладиот брат на Новак.

На крајот, Ѓорѓе Ѓоковиќ потсети дека идејата за „Адрија тур“ е од хуманитарен карактер, со цел да се овозможи заработка за играчи од регионот, помош на хуманитарни организации и промовирање на добри вредности.

-Сега остануваме фокусирани на поддршка на сите оние кои се заразени со коронавирус со желба да се опорават што е можно поскоро, посочува организациониот комитет.