среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трајчевски: Владата го има заборавено денот на гласањето 15-ти јули и доколку медиумите го прекршуваат молкот, АВМУ не ќе биде во можност да ги казнува

Трајчевски: Владата го има заборавено денот на гласањето 15-ти јули и доколку медиумите го прекршуваат молкот, АВМУ не ќе биде во можност да ги казнува

Медиумите, а и партиите се прашуваат чуму ни е изборен молк, кога законодавецот заборавил во изборен молк да го напише денот на гласање 15-ти јули.

-Претпоставувам дека тоа е пропуст на власта водејќи се претходно дека се гласа во сабота на болните лица и затворениците, а сега прв пат во овие избори имаме и уште еден ден претходно каде што луѓето се во самоизолација или карантин, така да водејќи се по таа аналогија ги имаат оставено само 13ти и 14ти јули, а го имаат заборавено 15ти јули. Се надевам дека медиумите ќе бидат на висината на задачата и нема да дозволат да се пренесуваат информации, да известуваат за активности кои се забранети за време на молкот, но и да не ги почитуваат ние како агенција нема да бидеме во можност да ги казнуваме, вели директорот на АВМУ Зоран Трајчевски во вечерашната емисија “Топ тема” на Телма телевизија.

Најнови вести