недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Мисајловски со молитва во црквата „Св. Петар и Павле“ ја започна кампањата

ВИДЕО: Мисајловски со молитва во црквата „Св. Петар и Павле“ ја започна кампањата

Со молитва во црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров започна изборната кампања на носителот на листа во втората изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Мисајловски присуствуваше на молитва во црквата која е симбол на општината во која тој има пораснато и живее и денеска.

Тој беше придружуван од кандидатот за пратеник од Ѓорче Петров Бојан Стојаноски, при што двајцата се сретнаа со Отец Ивица Тодоров со кого поразговарале околу актуелните теми и се помолиле за здравје на сите граѓани во Република Македонија.

Мисајловски истакна дека добивме благослов за успешна кампања што многу им значи.

-Се договоривме да се видиме повторно веднаш по победата и да помогнеме се што е неопходно за црквата, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Најнови вести