сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаревски: На 15 јули завршува приказната на СДСМ со нивните неисполнети ветувања

Јаревски: На 15 јули завршува приказната на СДСМ со нивните неисполнети ветувања

Кандидатот за пратеник во првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски порача дека на 15 јули завршува приказната на СДС со нивните лаги и неисполнети ветувања.

-Скопје е град без градски татко, а општините како да немаат градоначалници. Овде ветија мост, ги нема ветените булевари, нема ниту трамваи, а тунелот под Кале остана само желба. Езерото Треска е се уште запуштено, нема ништо од обиколниот пат до Матка. Парковите се мислена именка, а садењето на нови дрва е реткост. Борбата со загадувањето остана само на хартија, нови згради никнуваат секој ден, секоја барака станубва зграда. Парковите кои до вчера ги гушкаа, денес ги ништат багерите. Скопјани се оставени сами на себе. На 15 јули ставаме крај на сево ова, посочи Јоревски.

Најнови вести