петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во немири во Лондон повредени 15 полицајци

Во немири во Лондон повредени 15 полицајци

Петнаесет полицајци се повредени во синоќешните немири што избувнаа на недозволената музичка манифестација во лондонскиот кварт Брикстон.

Насобраните лица се спротиставиле и ги нападнале полицајците, а оштетени се и неколку полициски возила.

Полицијата реагирала бидејќи се противзаконски собирите поради пандемијата со Ковид-19 и оти претставуваат ризик за јавното здравје. (МИА)