Фитнес моделот и тренер Криси Села има нов предизвик за своите следбеници. Таа добро знае дека кардио вежбите за многумина се тешки, но исто така е важно да не се изоставаат бидејќи тие ги топат килограмите како “од шега”.
Кардиот тренингот го забрзува срцевиот пулс, а ако одберете експлозивни вежби не мора да вежбате со часови.
Села објавила идеја за тренинг кој трае само 10 минути и сама се снимала како го изведува.
Станува збор за сет од 4 вежби: скокање со јаже, клекнувања со скок, качување на планина (mountain climber) и склекови. Секоја вежба се изведува 30 секунди без пауза, а Криси препорачува да направите 5 повторувања.
“Ако немате јаже за прескокнување, преправајте се дека имате и правете ги истите движења”, предложила таа.
Нејзиниот предизвик има над 156.000 прегледи, а многумина во коментари ги предизвикале своите пријатели да им се придружат и заедно да го испробаат овој “убиствен” тренинг.