вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Алармантна демографска слика: Македонија со Заев и СДСМ со поголем морталитет од наталитет!

Алармантна демографска слика: Македонија со Заев и СДСМ со поголем морталитет од наталитет!

Лани во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, се евидентирани 19.845 живородени лица и 20.446 смртни случаи за негативен пририден прираст од 601 лице. Бројот на родени деца во градските подрачја изнесува 11.772 или 59,3 отсто од вкупниот број наспроти 8.073 деца или 40,7 проценти во руралните средини.

Најголемо учество во однос на вкупниот број на раѓања по региони има Скопскиот со 38,1 отсто, а со најмало е Источниот регион со 6,3 проценти. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,8 години наспроти 28,2 години во селските подрачја.

Бројот на починати лица во градските подрачја изнесува 12.831 или 62,8 отсто наспроти 7.615 починати лица или 37,2 проценти во руралните подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони има Скопскиот со 29,9 отсто, а со најмало е Североисточниот регион со 8,1 процент. Бројот на починати доенчиња во градските подрачја е 66, додека во руралните средини 46.

Просечната возраст на починатите лица во градските подрачја изнесува 73,7 години наспроти 73,8 години во руралните.

Природниот прираст кај населението од градските подрачја е негативен и изнесува – 1.059 лица наспроти позитивниот природен прираст во селските подрачја кој изнесува 458 лица. Во шест региони, според Државниот Завод за статистика, има појава на негативен природен прираст и тоа во Вардарскиот, во Источниот, во Југозападниот, во Југоисточниот, во Пелагонискиот и во Североисточниот регион.

Податоците за внатрешните миграции на ниво на регион покажуваат дека најголемо учество од 36,3 отсто имаат преселбите од село во град, додека меѓуградските преселби учествуваат со 8,2 отсто. Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 51,8 проценти, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби кои учествуваат сo 61,5 отсто.

Билансот на надворешни миграции е најголем во Скопскиот Регион (1.233), а најмало во Југоисточниот Регион (58).

Најнови вести