недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Десетина француски департмани во очекување на силно невреме

Десетина француски департмани во очекување на силно невреме

Десетина француски департмани се ставени во метеоролошка претпазливост поради ризик од силно невреме во текот на целиот денешен ден, јави дописникот на МИА.

Покрај силниот дожд, пропратен со силен ветер и на места град, се очекува и силно електрично празнење на атмосферата.

Слична беше ситуацијата и во текот на вчерашниот ден, што според регистрираните електрични празнења се најде на третото место од почетокот на годината. со вкупно 8.864 громови. Претходно на 3 јуни беа забележани 9.930 удари од грим, а на 9 мај дури 12.304 удари од гром.

Франција во текот на изминатите неколку дена, како и денеска е зафатена од топлотен бран и на многу места максималната температура надмина 30 целзиусови степени. (МИА)