Носителот на изборната единица 2 Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ попладнево е во посета на населеното место Даме Груев во Ѓорче Петров.
Тој пред граѓаните заедно со Рашела Мизрахи и Бојан Стојаноски ја претстави програмата на партијата со над 1.000 проекти за граѓаните за во следните четири години.
Граѓаните кои се разочарани од СДСМ и оваа власт се подготвени да го казнат Заев на 15 јули идниот месец.
Мисајловски пред граѓаните вети вистинска обнова за жителите на Даме Груев, но и за целата населба Ѓорче Петров, како и за целата земја.
-Јас сум дома тука, поминавме и добри и многу тешки мигови, нема да ви заборавам што ни помогнавте за локалните избори, за претседателските избори, нема никогаш да заборав тоа што го правите за нас. Ова не го кажувам за да ви се допаднам Вас, ова го кажувам пред камера и повторно ќе дојдам со Вас, вели Мисајловски.
Тој додава дека на многумина луѓе треба да им се помогне и не треба да се заборават сите граѓани и нивните проблеми и маки.
-Ѓорче Петров и ВМРО-ДПМНЕ е најпатриотското место и прекрасна е целата Изборна единица 2, ова е моја општина нека не ми замерува никој и ве замолувам да го направиме најголемиот резултат во цела Македонија за да одекне како се сака Ѓорче во цела Македонија, рече Мисајловски.
Средбата се одбиваше според препораките и мерките против ширење на коронавирусот.
Мисајловски имаше и средба со граѓаните на Кисела Јабука и Волково.