вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседателката на Антикорупциска не знае дали Филипче го разрешил Зибери од политички причини

Претседателката на Антикорупциска не знае дали Филипче го разрешил Зибери од политички причини

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, за емисијата „Еуро-фокус“, коментирајќи го случајот со поранешниот директор на ИЈЗ Скопје, Арбен Зибери, кој беше разрешен од актуелниот министер за здравство, Венко Филипче, изјави дека не знаела дали министерот го разрешил од политички причини, притоа со коментар и оправдувајќи го Филипче.

Не знам дали одлуката на министерот за здравство е политичка, вели Ивановска, не сакам да се мешам во политка, мене политика не ме интересира.

Од друга страна, таа не знае за Филипче, но не одбегна да го коментира Зобери.

-Не е ниту долично, ниту морално, ниту етички таквото однесување. Со ова се доведуваат во прашање одлуките на самата комисија, дали членовите се потпирале на здравствените параметри или правеле политички калкулации. Сето тоа фрла една лоша дамка за однесувањето на политичарите. Не смее да се дозволи ова и треба да се санкционира. Комисијата за заразни болести треба да работи самостојно, без некој да ѝ влијае- смета Ивановска.

Најнови вести