вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Мисајловски: Гази Баба сака достоинствена и горда Македонија

Мисајловски: Гази Баба сака достоинствена и горда Македонија

Велат дека во нив е мудроста и искуството, па токму затоа средбите со нив ми се драги и од огромна полза. Се сретнав со пензионерите од населеното место Хиподром, општина Гази Баба. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски поразговаравме со оваа категорија на луѓе, кои си ги кажаа пред се маките, а потоа и очекувањата за претстојниот период. Велат дека власта дрско манипулира со нив и дека се фали за нешто што не го направила. Ниту поголеми пензии, ниту бесплатно здравство, апсолутно ништо. Гневни се на власта бидејќи се распродадени националните интереси, кои тие како повозрасна генерација долги години ги чувале. Од нас овие луѓе очекуваат да обезбедиме повисоки пензии и што за нив е најважно, да не дозволиме никој повеќе да поигрува со националните интереси.

Ги слушав внимателно и сфатив која е нивната порака. Сакаат достоинствена и горда Република Македонија, а ние се обврзуваме тоа да им го овозможиме.
Обновата доаѓа!??
#ГазиБабаОдбираОбнова #Заокружи14