среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон вети милијарди фунти за спас на економијата

Џонсон вети милијарди фунти за спас на економијата

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска вети дека ќе потроши милијарди фунти за да ја спаси економијата и предупреди дека земјата наскоро ќе се соочи со „грмежи од економски последици“ на коронавирусот.

– Ако Ковид-19 е гром, ни доаѓаат грмотевици од економски последици. Ние ќе бидеме подготвени, напиша Џоонсон на Твитер.

Тој додаде дека сака Велика Британија да изгради пат кон здравјето, јави Би-Би-Си.

Претходно, во интервју за „Мејл он сандеј“, Џонсон го повтори своето предизборно ветување дека ќе се градат нови училишта, болници и домови, дека ќе се завршат инфраструктурните проекти и ќе се создадат работни места за оние чии места повеќе не постојат. (МИА)