петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Канадски компании се откажуваат од рекламирање на фејсбук

Канадски компании се откажуваат од рекламирање на фејсбук

Канадските компании се приклучуваат кон се поголемиот список на светски познати брендови кои решија да не се рекламираат на „Фејсбук“ во јули, поради одбивањето на компанијата да преземе мерки против ширење содржини со омраза на својата платформа.

Канадските компании „Лулулемон“, „МЕЦ“ и „Арктерикс“ ќе ги повлечат своите платени реклами од „Фејсбук“ и ќе се приклучат на бојкотот, кој веќе го поддржаа „Кока-Кола“, „Мајкрософт“, „Форд Моторс“ и многу други.

Различни групи за граѓански права, вклучително и Лигата против клевета и Националното здружение за унапредување на животите на „обоените“ луѓе, велат дека „Фејсбук“ не направил доволно за да спречи расистички, лажни и опасни содржин на својата платформа. (МИА)