сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Италија запленети 14 тони амфетамини, произведени од терористичката ИД

Во Италија запленети 14 тони амфетамини, произведени од терористичката ИД

Италијанската полиција заплени рекордни 14 тони амфетамини наменети за европскиот пазар, чијашто улична вредност се проценува на една милијарда американски долари, а се претпоставува дека се произведени во Сирија од група поврзана со т.н. Исламска држава заради финансирање на нејзините екстремистички активности.

Полициските власти соопштија дека околу 85 милиони таблети амфетамин биле пронајдени во три бродски контејнери во пристаништето Салерно во јужна Италија, што е најголема заплена на таа дрога досега во светот.

Полковникот на царинската полиција Доменико Наполитано за државното радио изјави дека истражителите веруваат дека дрогата била произведена од таканаречената Исламска држава за финансирање на нејзините милитантни активности.

.Тие претпоставуваат дека производството на амфетамини во Европа е попречено од пандемијата на коронавирус и дека дилерите на дрога, најверојатно, се обратиле до производителите во Сирија.

Полицијата соопшти дека во моментов се обидуваат да утврдат дали криминалниот клан Камора од Неапол нарачал голема пратка амфетамини за меѓународна дистрибуција, со оглед дека многу помала количина на таа дрога била запленета во пратка облека била две недели претходно во пристаништето Салерно. (МИА)