Во моментов сум во населеното место Кучевиште. Заедно со коалиционите партнери Љупчо Димовски и Иван Стоиљковиќ ги посетивме жителите од ова населено место и поразговаравме за проблемите кои ги имаат.
Велат дека биле дрско прелажани, бидејќи од страна на СДСМ им биле ветувани секакви проекти, дури и нереални, за фактичката слика да покаже дека не се исполнети ниту елементарните работи.
Овие луѓе не сакаат државата да ја водат несериозни политичари и да трошат време на лаги и манипулации. Сакаат што поскоро да дојде обновата и државата да тргне напред.
Велат дека овој момент на одлука е најважниот и затоа се децидни во изборот да ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”.
Обновата победува!??
#Заокружи14