Убавото е чувството кога ќе сретнете насмеани и позитивни граѓани во населеното место Хром, општина Ѓорче Петров. Ова е место каде што отсекогаш се водела главната битка на сите изминати избори досега. Токму тука победата беше најсилна на изминатите претседателски избори.
Денеска заедно со министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и кандидатите за пратеници во ИЕ2 Бојан Стојаноски и Наташа Менкиноска, ги посетивме жителите на населеното место Хром со кои утврдивме дека тука е потребна обнова повеќе од било што.
Луѓето тука веќе неколку години сведочат на неработење и лаги од страна на СДСМ и токму поради тоа првиот удар го зададоа пред една година, а завршниот ќе биде на 15-ти јули.
Граѓаните сакаат реални проекти кои ќе бидат остварени, а не празни флоскули. На овие прекрасни луѓе им посакав добро здравје и да се видиме веднаш по победата кога ќе зборуваме за конкретни проекти кои ќе се реализираат за подобар живот на сите граѓани.
Обновата ќе започне и назад враќање нема.
Обновата победува!