Во нашата политичка програма зборуваме за проекти реални. Проекти, реални кои што се од значење во Теарце и во Тетово и во Тимјаник близу Неготино и во Кавадарци, посочи во синоќешната предизборна дебата на телевизија 21 кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 Тимчо Муцунски.
-Има граѓани од втор ред во нашата држава, но морам да ви кажам дека и Македонците многу често се чувствуваат како граѓани од втор ред во оваа иста држава. Време е, дали е за вработување во јавен или приватен сектор, ако е борба помеѓу Висар и Јован, да се вработи најквалитетниот, а не бидејќи е на едниот името му е Висар а на другиот му е името Јован, рече Моцунски во своето излагање.
-Време е ние да престанеме да зборуваме во 21-от век кога цивилизациските вредности ја надмина политиката да зборуваме за такви теми. И затоа ние во нашата политичка програма зборуваме за проекти реални. Проекти, реални кои што се од значење во Теарце и во Тетово и во Тимјаник близу Неготино и во Кавадарци. И тие се проектите кои што ќе го подобрат стандардот, ќе се борат со ова здравствена криза. Проекти како што е создавање на центар за деца и лица со посебни потреби, нешто што фали во нашата држава, посочи Муцунски.