Новинарката на Си-Ен-Ен, Друна Маседо била нападната додека известувала за поплавите во Сао Паоло, откако и се заканил маж со нож.
Тој од новинарката која се вклучуваше во живо на ТВ програма ги побара двата мобилни телефони. Тој и пријде од позади додека разговараше со водителот во студиото.
-Многу се исплаши, но добро е, истакна водителот Рафаел Коломбо.
Тој вели дека не било возможно веднаш да сфати што се случува и оти тоа го увиделе кога го „сечеле“ видеото.
Објасни дека најпрво се чинело оти напаѓачот е бездомник кој сакал да проси.
-Подоцна во редакција ни кажа дека ги барал телефоните, истакна тој.