петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наместо на пистата слетал покрај улица: Авион се заби во зграда во Малта (ФОТО)

Авион во приватна сопственост ја проби оградата и блок од зградата во близина на аеродромот на Малта.
Наместо на пистата слетал покрај улица: Авион се заби во зграда во Малта (ФОТО)

Се верува дека авионот слетал од пистата во налет на силен ветар и потоа удрил во зградата која е во сопственост на една градежна фирма.

Медиумите пренесуваат дека авионот е во сопственостна британски лорд.

Спасувачките служби и пожарникарски тимови веднаш се упатиле на местото на несреќата, заедно со полицијата и војската. Нема повредени во инцидентот.

„Се чини дека дошло до прекин на безбедносни кабли и кочници кои го држат авионот и практично тој е оддуван од јачината на ветрот од местото каде бил паркиран на улица пред да удри во зградата, која се наоѓа до пистата“, соопштија властите.