четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: Се обврзуваме за раст на пензиите

Муцунски: Се обврзуваме за раст на пензиите

Со чичко Перо си разменивме броеви, да споделиме ставови што се треба да направиме за најмудрите.
Утрово во разговори со пензионерите ги слушнав нивните критики, велат дека после цел живот работа, заслужуваат достоинствена заштита од државата, напиша на Фејсбук кандидатот за пратеник во ИЕ 1 од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

-Затоа во обновата се обврзуваме за раст на пензиите според формулата 50+ раст на плати, 50+раст на трошоци за живот, така пензиите ќе достигнуваат раст од 20%.

-Реформиран и стабилен пензиски фонд без оштетени граѓани

-Воведување на можност за сезонска или привремена работа за пензионери
-Право на пензија за родител кој има дете со попреченост
-Докуп или дополнување на работен стаж
-Можност одредени искусни пензионерите да го зголемат својот работен век без да ја изгубат пензијата

Најнови вести