петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на реализација нa стратешки најважниот автопат за Македонија

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на реализација нa стратешки најважниот автопат за Македонија

Носителот на листа во изборната единица 4, Александар Николоски ветува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја возобнови инфраструктурата и ќе се обврзе за стратешки најбитниот автопат во Македонија, автопатот Градско- Прилеп- Битола- граница со Грција.

Николоски на својот фејсбук профил вети дека ќе го поправи пустошот кој СДСМ го остави зад себе.

– Ветуваа изградба на автопатот Прилеп – Градско. Како и за се друго, излажаа, па во моментов изградбата е запрена.  СДСМ остави пустош и не реализира ниту еден голем инфраструктурен проект. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на реализација нa стратешки најбитниот автопат за Македонија, автопатот Градско- Прилеп- Битола- граница со Грција!, напиша Николоски.

Најнови вести