недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска наместо да работи за младите, заедно со осудената Катица Јанева уживале во луксузот на Боки 13

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска наместо да работи за младите, заедно со осудената Катица Јанева уживале во луксузот на Боки 13

Шекеринска и Заев се соучесници во криминално-рекетарските шеми. Тие знаеле и молчеле за милиони евра изнудени од бизнисмени во овие три години. Шекеринска уживала во луксузот на Боки 13, а знаела дека истиот нема толкави легални приходи, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерно Шекеринска, политичкиот лик кој од транзицијата до ден денес егзистира во и од политиката, да говори за иднината на младите и за развој на економијата.

Шекеринска е антипод на секоја политика на младите. Денес таа требаше да даде одговор што можеше, а не направи за младите во Македонија?

Шекеринска ја виде целата јавност како седи на состаноци со Катица Јанева и Бојан Јовановски, наместо да работи во интерес на државата и младите. Заради погрешните политики и однесувањето на Шекеринска и таквите како неа во СДСМ , 80% од младите во земјава сакаат да заминат во странство. Заради неа 140 илјади млади живеат во сиромаштија, а во меѓувреме милиони евра се разнесуваат рекетирани пари низ државата.

Шекеринска и Заев се прочитана книга. Младите, како и сите во Македонија својата поддршка ќе ја дадат на Обновата, затоа што во неа гледаат напредок и подобар стандард.

Бидејќи Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“-порачуваат од партијата!

Најнови вести