сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Како допреле спотовите до Рускоска и Кацарска, а не допреле криминалот и рекетот на власта?

Како допреле спотовите до Рускоска и Кацарска, а не допреле криминалот и рекетот на власта?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Македонската телевизија кажа дека  е зачуден како допреле спотовите до Рускоска и Кацарска, а не допреле криминалот и рекетот на власта.

-Кога станува збор за Кaцарска и Рускоска ние нашиот став сме го кажале многу одамна.  И видете сега, како дадена изјава во полицијана за еден случај друг лице осудено и која што ја отслужува затворската казна веднаш допре тој глас до нив, а сите овие други гласови кои што ги слушаме никако да допрат до нив-нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека е зачуден како допрел гласот за аферата за нивниот потпретседател, а за рекетот и криминалот не  допрел никако глас  до Рускоска и Кацарска.

-Како допрел гласот за една конструирана монструозна афера за нашиот потпретседател, а ова сето што го слушаме никако  да допре тој глас. За каква правда зборуваме и  кој ја попречува тука правдата, не напротив ние велиме правда без исклучок еве почнете од  нас ако се срамите да почнете од тие кои што ви се налагодавачи сега почнете од нас. Ама опфатете ги и нив еве има многу гласови, многу какафонија па нека допре тој глас до вас можеби има нешто таму истражете заработете си ја платата, истакна Мицкоски.

Мицкоски  додаде дека со спотовите тие само сакале на еден британски стил да ја прикажат реалноста во Македонија.

-Немојте да се занимавате само со опозицијата а ние само сакаме со нашите спотови на еден сатиречен по малку Британски стил да ја покажеме реалноста во Македонија господине Зоран Заев, немојте да ве боли релноста за тоа што не можете да бидете подобар човек ако од реалноста не извлечете поука и не бидете подобри ние само сакаме да испровоцираме во вас и во останатите да бидат подобри луѓе,  ние не се сраамиме од реалноста ние сакаме да ја прифатиме реалноста така може само да напредувате.  Еве јас сум помал во години од вас но прифатете го овој совет, заклучи Мицкоски.

Најнови вести