четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фејсбук откри на колку корисници се неправилно споделени податоците, бројката ќе ве шокира

Фејсбук откри на колку корисници се неправилно споделени податоците, бројката ќе ве шокира

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека личните податоци за 87 милиони корисници, главно во САД, веројатно се неправилно споделени со политичката консултантска фирма „Кембриџ аналитика“.

Претходно беше соопштено дека со скандалот се засегнати околу 50 милиони лица.

Извршниот директор на „Фејсбук“ Марк Цукерберг, исто така, најави дека таа социјална мрежа ќе им понуди на сите корисници алатки и контролни механизми кои се опфатени согласно новите европски правила за заштита на личните податоци, кои треба да стапат во сила на 25 мај 2018 година.

Новата регулатива на Европската Унија за заштита на лични податоци, позната како ГДПР, која се воведува по скандалот со „Кембриџ Аналитика“, предвидува построги правила за заштита на приватноста на корисниците.

Цукерберг, во разговорот со новинари преку конференциска врска изјави дека Фејсбук не констатирал „никакво значително влијание” на употребата или продажбата на реклами по скандалот, иако додаде дека „не е добро” ако луѓето не се задоволни со компанијата.

Вредноста на акциите на фирмата се зголемиле за повеќе од три отсто објавувањето на скандалот со „Кембриџ аналитика’.

Тој потенцираше дека ја презема вината за истекувањето на податоците, но тотенцираше дека треба да остане на чело на фирмата која ја создал.

– Кога градиш нешто како Фејсбук, што е без преседан во светот, ќе има работи кои ќе ги погрешиш, истакна Цукерберг, додавајќи дека е важно да се учи од грешките..

Тој рече дека не знае дали раководниот тим планира да разговара за негово повлекување од фирмата, но додаде дека доколку се одлучат на такво нешто ќе се соочат со голем предизвик, бидејќи тој го поседува контролниот пакет акции на Фејсбук.

Цукерберг, исто така, потенцираше дека никого не разрешил поради скандалот, ниту планира такво нешто да направи.