петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Победнички пречек за Мисајловски во Ѓорче: Македонскиот народ ќе им пресуди на СДСМ и Заев за сите понижувања (ФОТО)

Победнички пречек за Мисајловски во Ѓорче: Македонскиот народ ќе им пресуди на СДСМ и Заев за сите понижувања (ФОТО)

Доаѓа крајот на сите манипулации и лаги. Доаѓа крајот на СДСМ. Обновата ќе започне од Ѓорче Петров. Победничко Ѓорче одбира обнова, порача денеска носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Владо Мисајловски по посетата на населените места Дексион, Мирче Ацев и Орман во општина Ѓорче Петров.

Мисајловски денеска најпрво го посети манастирот “Св. Ѓорѓија” во Кучково, општина Ѓорче Петров.

– Заедно со кандидатот за пратеник во ИЕ2 Бојан Стојаноски го посетивме ова преубаво место и поразговаравме со луѓето кои се грижат за манастирот. Иако секојдневните обврски ми одземаат многу од времето, сепак многу често наоѓам време да го посетам овој манастир. ВМРО-ДПМНЕ е демохристијанска партија која се заснова на вистинските традиционални вредности и токму затоа се обврзува секогаш да ја помага македонската православна црква. Времето поминато на ова место духовно ме исполнува и ми помага да се соочам со сите предизвици кои што ми претстојат. На домаќините им посакав добро здравје и им ветив дека секогаш ќе бидеме тука за секаква помош. Од нив добивме благослов кој навистина многу ни значи и ни дава сила да се бориме за обновата на Македонија! ??, напиша Мисајловски.

-По посетата на манастирот “Св.Ѓорѓија” во Кучково, остварив средба со жителите на населеното место Орман, општина Ѓорче Петров. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Бојан Стојаноски и Наташа Менкиновска поразговаравме со населението од ова населено место, кое со нетрпение го чека 15-ти јули, денот кога СДСМ ќе биде испратено во историјата. Разочарани и гневни од лошите политики на ненародната власт, жителите на Орман силно посакуваат обнова на нивното населено место и на целата Република Македонија. Доаѓа крајот на сите манипулации и лаги. Доаѓа крајот на СДСМ. Обновата ќе започне од Ѓорче Петров! ?? #ИсправиСеМакедонијо #Заокружи14, напиша Мисајловски.

Тој го посети и населеното место Мирче Ацев, од каде порача дека тоа е едно од населените места во Ѓорче Петров каде што победничката атмосфера се чувствува на неколку денови пред 15-ти јули.

-Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Бојан Стојаноски и Наташа Менкиноска ги посетивме овие жители и поразговаравме со нив за проблемите кои ги имаат откако на власт е СДСМ, како и за очекувањата по победата на ВМРО-ДПМНЕ. Жителите на Мирче Ацев велат дека ниту централната, ниту пак локалната власт сработила нешто, освен што ги распродадоа националните интереси. Македонскиот народ не сака да трпи такви понижувања и на 15-ти јули ќе излезе на гласање и масовно ќе ги порази Зоран Заев и СДСМ. Република Македонија заслужува да биде обновена!Ѓорче Петров одбира Обнова на Македонија!?? #ИсправиСеМакедонијо #ПобедничкоЃорче, напиша Мисајловски.

Мисајловски порача дека победнички Дексион е мотивиран повеќе од било кога.

-Населението нетрпеливо ги очекува изборите и денот кога Зоран Заев ќе биде испратен во историјата. Велат дека вакво лошо владеење не е запаметено и дека не смее да се дозволи веќе вакви луѓе да ја водат државата. Мора да дојде крајот на криминалот, корупцијата и уцените. Во Република Македонија мора да завладее правото и правдината и државата да почне да чекори напред. Уште само неколку денови остануваат до моментот кога македонскиот народ ќе му пресуди на СДСМ и Зоран Заев. Обновата пристигнува! ??
Победничко Ѓорче одбира обнова, порача носителот на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна есиница.

Најнови вести