петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Температурата на воздухот во Сибир зголемена за 10 степени

Температурата на воздухот во Сибир зголемена за 10 степени

Температурите на воздухот во поголемиот дел од Сибир во јуни се зголемени за 10 Целзиусови степени во споредба со минатите години, соопшти Мрежата за набљудување на климата на Европска Унија.

Тоа е најтопол јуни до сега во Сибир, каде почвата е под мраз.

На 21 јуни во близина на Верхојанск, североисточна Русија измерени се рекордни 37 степени.

Високи температури во Сибир се регистрирани уште од јануари и во комбинација со малата влажност предизвикаа шумски пожари. И бројот и интензитетот на пожари во Сибир и во делови од Алкаска во јуни се над просекот, што доведе од највисоки емисии на јаглерод диоксид – 59 милиони тони.