четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски со прашање до Османи: Дали намерно ги успорувате реформите во Македонија за да и помогнете на Албанија?

Сакам да го прашам дали е вистина дека има договор со министерот за надворешни работи на Албанија, Бушати, да намерно се успоруваат реформите во Република Македонија, со цел катастрофалното ниво на реформи на Албанија да не е толку забележително и Македонија и Албанија да бидат во исти пакет во делот евроинтеграциите, Николоски го праша Османи.
Николоски со прашање до Османи: Дали намерно ги успорувате реформите во Македонија за да и помогнете на Албанија?

Во гостувањето во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски кажа дека тие како партија сакаат Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ.

-Во овој момент министерката за одбрана постави началник на Военото разузнавање кој што немаше безбедносен сертификат и дури за истото водеше постапка пред Управниот суд. И наеднаш доби безбедносен сертификат, за што имаме сериозна реакција од НАТО. Второ испратено е воено аташе во САД, кое што воено аташе нема добиено согласност од претседателот на државата, што процедура пропишана согласно позитивните законски процедури, изјави Николоски.

Николоски напомена дека она што него многу го загрижува е што реализацијата на планот „3-6-9“ е само 42 проценти. Тој постави и директно прашање до Бујар Османи, кој раководи со секторот за Евроинтеграции во Владата.

-Сакам да го прашам дали е вистина дека има договор со министерот за надворешни работи на Албанија, Бушати, да намерно се успоруваат реформите во Република Македонија, со цел катастрофалното ниво на реформи на Албанија да не е толку забележително и Македонија и Албанија да бидат во исти пакет во делот евроинтеграциите, Николоски го праша Османи.

Тој го праша и дали му е помило Македонија да неуспешна за помалку да понеуспешна Албанија или би му било помило Македонија да напредува.

Најнови вести