четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Стоп за партиското регрутирање на судиите!

Силјановска: Стоп за партиското регрутирање на судиите!

Носителот на листа во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНе, Гордана Силјановска Давкова на својата фејсбук страница сподели видео кое е дел од целокупната дебата која ја имаше со Никола Димитров на ТВ 21.

-Ајде да видиме како се регрутираат да речеме членовите на судскиот совет.
Јас ќе ви посочам луѓе кои еден ден во суд немале, а се членови на судски совет, или стручни соработници, или претседатели на судови кои ни академија поминале ништо. Зошто?
Затоа што се договарале партиите и лидерите кој каде ќе биде, претседател на суд и така натаму, вели Силјановска во објавеното видео.

 

Стоп за партиското регрутирање на судиите! Ако сакаме владеење на правото во вистинска смисла, мораме да ставиме крај на тоа.
#ИсправиСеМакедонијо
#Заокружи14
#ОдбериОбнова

Најнови вести