Бразилскиот федерален судија Серџо Моро издаде налог за апсење на поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва.
Налогот е издаден неколку часа откако бразилскиот Врховен суд го отфрли барањето на да Силва да не оди во затвор додека трае жалбениот процес на пресудата за корупција.
Пресудата за Лула да Силва е 12 години и еден месец затворска казна. (МИА)