среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Велинова: Програмата „Обнова“ изобилува со проекти од енергетиката

Велинова: Програмата „Обнова“ изобилува со проекти од енергетиката

Проектот „Обнова“ кој што изобилува со проекти од сите области изобилува со проекти од енергетиката со тоа што хидроенергијата е детално застапена во нашата програма. Јас би се осврнала на 4 важни проекти кои што се значајни за македонската енергетика и производството на електрична енергија од вода. Прво тоа е одамна споменуваната „Чебрен“ меѓутоа интересно е што ја планираме во цел оној систем на течението на река Црна почнувајќи од горниот тек од Скочивир каде што е планирано „ХЕЦ Чебрен“ понатаму во средиштето на водотекот на Црна каде се веќе наоѓа постоечкиот „ХЕЦ Тиквеш“ тука би дошле со „ХЕЦ Галиште“ и во долниот тек после браната Макарија пред Црна да се влее во Вардар имаме „ХЕЦ Стоби“.

Ова го истакна Елена Маркова Велинова претседателка на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Економски Магазин“ на ТВ Алсат.

Таа кажа дека со ова значително ќе се подобри производството на електрична енергија со добивање на 500 мегавати енергија и дека најважно е дека тоа е чиста и еколошка енергија која што не ја загадува животната средина.

Велинова потенцираше дека исто долго споменуван проект е „Вардарска Долина“ во кои се планирани 23 хидроцентрали од кои 2 поголеми Велес и Градец и дополни дека овој проект носи како бенефит за енергетиката така и за земјоделието но и за туризмот.

Трет проект кој што го спомна Велинова е каналот Теново – Козјак кој подразбира изградба на канал во кој водите од реката Вардар ќе се зафатат и ќе се слејат во Треска со цел да се зголеми производството на веќе постоечките три хидроцентрали Козјак, Матка и Света Петка.

За крај Велинова потенцираше дека се планира изградна на мали микро хидроцентрали на принцип на концесии и на јавно – приватно партнерство со посебен осврт на изработка на студии за заштита на животната средина.

Најнови вести