Носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски денеска заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Искра Крстевска и Емилија Ангелова се сретнаа со носителот на листата во ИЕ1 проф. Гордана Силјаноска Давкова и го испија своето кафе со неа.
-Денеска заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Искра Крстевска и Емилија Ангелова се сретнавме со носителот на листата во ИЕ1 проф. Гордана Силјаноска Давкова, со која испивме кафе и поразговаравме за изборната кампања. Средбите со професорката секогаш се полни со мудрости и убави мисли, а тоа придонесува за убаво расположение. Впечатоците се дека теренските активности се одлични и во убава атмосфера насекаде низ Република Македонија. Народот е расположен за промени и тие ќе се случат многу наскоро. Граѓаните веруваат во визијата за #ОбноваНаМакедонија и ни ја даваат својата неизмерна поддршка.
На 15-ти јули ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија! ??
#ОбноватаДоаѓа, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Денеска заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Искра Крстевска и Емилија Ангелова се сретнавме со носителот на…
Posted by Vlado Misajlovski on Thursday, July 9, 2020