четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Петровец ги ослободи родителите четири месеци од плаќање на месечната обврска за градинка

Општина Петровец ги ослободи родителите четири месеци од плаќање на месечната обврска за градинка

Советот на општина Петровец имајќи ја предвид тешка состојбата со пандемијата на коронавирусот во која се најде земјава, донесе одлука за ослободување од обврската за плаќање надоместок на ЈОУДГ “Авионче” за 4 месеци.

Ова значи дека родителите на децата кои одат во оваа градинка за период од четири месеци се ослободени од обврската за плаќање на месечниот надоместок.

Советот на општина Петровец и општина Петровец како досега, така и во иднина ќе продолжи да работи во служба и интересите на сите граѓани.