сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев во Зелениково: Народот знае дека ВМРО-ДПМНЕ исполнува се што ветува

Јанушев во Зелениково: Народот знае дека ВМРО-ДПМНЕ исполнува се што ветува

Носителот на листа во изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес оствари средба со жителите на Зелениково со кои што разговарале за проектите што се во план да се реализираме после 15 јули.

-Имавме и можност да поразговараме за дел од неостварените ветувања, односно лаги на социјал демократскиот сојуз овде во Зелениково. Еден таков пример е и мостот кој што е овде во месноста Река, кој што и покрај ветувањата, покрај лажењето во неколку претходни наврати, од страна и на градоначалникот односно локалната самоуправа но и од страна на останатите високи функционери на СДСМ , буквално ништо не е направено, вели Јанушев во објавеното видео.

-Ние сме поразлични, ние нудиме иднина, ние нудиме извесност, ние нудиме граѓаните да бидат со подигната глава и исправена кичма. Сето она што е ставено во програмата во проектот Обнова, ние земаме обврска, се обрврзуваме пред граѓаните дека истото ќе биде испочитувано, истото ќе се реализира во следниот период од 4 години, додава тој.

Целосното видео обраќање може да го проследите во продолжение.

Најнови вести