петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски од Гази Баба: Уште само малку остана, Обновата доаѓа насекаде

Мисајловски од Гази Баба: Уште само малку остана, Обновата доаѓа насекаде

Овој ден од изборната кампања го завршувам со средба со жителите од населеното место Ергеле, општина Гази Баба, истакна Владо Мисајловски, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2.

„Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски поразговаравме со населението и заклучивме дека СДСМ тука не само што ништо не реализирале од ветените проекти, туку и воопшто не ги посетиле овие луѓе. Тоа укажува дека СДСМ овие луѓе ги гледа само како бројки, односно гласови. Разочарани и гневни на ваквото однесување, велат дека со нетрпение чекаат да дојде денот кога недвосмислено ќе го заокружат бројот 14 и ќе ја поддржат #ОбноватаНаМакедонија. Уште само малку остана. Обновата доаѓа насекаде“-порача тој.

Најнови вести